Креативецот на Манчестер Сити, Кевин Де Бруине, смета дека тој и неговите соиграчи ќе бидат обвинети за катастрофална сезона, ако не ја освојат Лигата на шампионите оваа сеозна.
Оваа недела пред „граѓаните“ е првиот од двата сериозни теста, бидејќи ќе ги одмерат силите со Реал Мадрид.
„Очигледно дека Реал Мадрид го освојува турнирот најчесто. Ние ќе одиме таму за да ја покажеме нашата игра онака како што правиме цела сезона. Играме офанзивен фудбал и се обидуваме да ги ставиме под притисок. Сакаме да играме добар фудбал и ако можеме да победиме“, рече Белгиецот.
„Ако не ја освоиме Лигата на шампионите, сите ќе речат дека не успеавме, како што се случи во последните пет години. Ова е трофеј што сè уште не го освоивме“, заврши фудбалерот на Сити.