Џузепе Конте, претседател на италијанскиот Совет на министри, не ја исклучи можноста за откажување и одложување на сите натпревари од следното коло во италијанската Серија А.
Претходно, поради избувнување на епидемијата на Коронавирусот, четири натпревари на италијанскиот шампионат во провинциите Ломбардија и Венето беа одложени.
„Не мислам дека за само една недела ќе можеме да го забавиме ширењето на вирусот доволно за да продолжиме со спортски настани. Постојано ја следиме ситуацијата, ќе ја следиме и оценуваме. Ќе го следиме развојот на оваа болест и ќе ја процениме можноста за одложување на сите натпревари следната недела“, изјавил Конте.
