Томас Милер еден од ветераните во редовите на Баерн Минхен, верува дека неговиот тим ќе дојде до позитивен резултат на денешното гостување кај Челзи во првиот меч од осмина-финалната фаза во Лигата на фудбалските шампиони.
„Немаме од што да се плашиме затоа што тие не се меѓу елитата на Европа. Јас сум сигурен дека ќе победиме. Се уште се сеќаваме на поразот во финалето во 2012 година. Да, тоа ни помогна да го освоиме трофејот 12 месеци подоцна“ – вели Милер.
„Болката тој ден во Минхен беше голема. Кога постигнав гол во 83-та минута, тоа беше најсреќниот момент во мојот живот. Беше неверојатно, експлодираше целиот стадион. Жално е што вечерта заврши со разочарување“ – се наврати Милер на дуелот пред 8 години.