Главниот дефанзивец во редовите на Наполи, Калиду Кулибали, нема да може да се појави на денешниот меч со Барселона на стартот на елиминациската фаза во Лигата на фудбалските шампиони.
Натпреварот ќе биде одигран доцна вечер од 21.00 часот на стадионот – „Сан Паоло“ а италијанскиот тим го објави ростерот за дуелот со Шпанците. Помеѓу играчите кои ќе ги има на располагање домашниот тренер, Гатузо, не влегува Кулибали кој подолго време се мачи со повреда и мораше да пропушти неколку натпревари.
Во составот на Наполи се најдоа новите засилување Диего Диеме, Лоботка и Политано.

