Денеска не чекаат нови два меча во рамките на првата елиминациска фаза во Лигата на фудбалските шампиони . Во Лондон, Челзи ќе го пречека Баерн Минхен додека во Италија на теренот на Наполи ќе гостува Барселона.
На мечот во Англија, „сините“ ќе бидат без повредените: Н’Голо Кант, Кристијан Пулишиќ и Калум Хадсон-Одои додека Баерн нема проблеми со повредени или казнати играчи. Баварците имаат позитивен биланс против англиските клубови – 23 победи, 17 нерешени и 15 порази. Како гости, Баварците имаат 7 победи на 24 натпревари, 9 мечеви одиграле нерешено а доживеале 8 порази. Челси против Германците има 10 победи, 7 реми и само 4 порази а на „Стемфорд Бриџ“ нема пораз – 6 победи и 3 нерешени. Судија ќе биде: Клемент Торпин (Франција).
Фудбалерите на Барселона доцна вечер од 21.00 часот ќе се појават на теренот на Наполи. Екипата предводена од Џенаро Гатузо која игра далеку под очекувањата во Серија А, нема проблеми со играчкиот ростер. Во него е нашиот Елиф Елмаз, кој шансата ќе ја чека од клупата. Гостинскиот тренер, пак, Кике Сетиен, кој со нетрпение го очекува дебито во Лигата на шампионите, денеска ќе ги нема на располагање: Луис Суарез, Осман Дембеле, Жорди Алба и Серџи Роберто. Двете екипи никогаш не се сретнале во Евро-конкуренцијата. Наполи има негативен биланс против екипите од Шпанија – 4 победи, 4 реми и 6 порази а Барселона загубила само 11 пати на вкупно 56 натпревари против екипи од Италија. Судија ќе биде Феликс Брих(Германија)