Потпретседателот на УЕФА, Мишел Ува, зборуваше за евентуалното откажување или одложување на Европското првенство во 2020 година заради коронавирусот.
„Во моментов го следиме развојот на настаните. Фудбалот мора да се прилагоди на ситуацијата во Европа. Се обидуваме да не ги одложуваме натпреварите кои се под наша организација. Сепак доколку е потребно натпреварите ќе бидат прекинати доколку ситуацијата се влоши“, изјави Ува.
Да потсетиме дека ова лето не очекува најголемиот фудбалски собир на стариот континент, ЕУРО 2020 кое треба да се одржи на 12 стадиони во 12 града од 11 земји. 24 репрезентации ќе учествуваат на ова ЕП. Почетокот на натпреварите е закажан за 12 јуни, финалниот натпревар ќе се одржи на стадионот „Вембли“ во Лондон на 12 јули.
Дали во моментов постои опасност УЕФА да го одлижи ЕП останува да видиме, сепак доколку се влоши ситуацијата ќе мора да реагираат со одредена одлука.

