Валенсија покажува интерес за чилеанскиот тренер Мануел Пелегрини, пренесуваат медиумите во Шпанија.
Според истиот извор, претставниците на шпанскиот клуб веќе контактирале со тренерот, но тој сè уште не се согласил, бидејќи е збунет од поканата на раководството на Валенсија.
Да потсетиме дека од почетокот на сезоната Валенсија беше предводена од Марселино Гарсија Торал кој беше отпуштен. Во моментов тренер на тимот е Алберт Селадес. Што се однесува до 66-годишниот Пелегрини, во декември 2019 година тој беше отпуштен од Вест Хем Јунајтед и оттогаш е без ангажман.
Валенсија со 38 поени од 25 натпревари, го зазема осмото место на табелата во првенството на Шпанија. Во првиот натпревар од 1/8 финалето на Лигата на шампионите загуби од Аталанта (1:4) и ќе има тешка задача на реваншот на „Местаља“.
