Тренерот на Барселона, Кике Сетиен смета дека нерешените 1:1 со Наполи на „Сан Паоло“ во првиот 1/8-финален дуел во Лигата на шампионите е добар резултат.
Сетиен смета дека Наполи нема да може да се одбрани толку добро во реваншот на „Камп Ноу“, каде Каталонците ќе го најдат вистинскиот пат до победата.
„Ова е добар резултат, иако моравме да вложиме многу напор за создавање на ситуација за гол. Не бевме доволно остри за да го пробиеме нивниот одбрандбен бедем. По изедначувањето, противникот се отвори и можевме да ги казниме. Играа многу добро и тешко ни беше да постигнеме гол. Затоа нерешениот резултат ни дава предност пред реваншот. Им честитам на моите играчи за овој резултат, но мора да бидеме поопасни против ваквите одбрани. Станува збор за трпеливост. Мислам дека ќе имаме повеќе опции на реванш средбата. Не верувам дека Наполи може да се одбрани на овој начин на „Камп Ноу“. Треба да размислуваме позитивно и да одиме на побед ана втората средба“, рече Сетиен по мечот со Наполи.

