Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Гатузо: „На меч со Барселона не смееш да си дозволиш грешка“
    Фудбал

    Гатузо: „На меч со Барселона не смееш да си дозволиш грешка“

    risteBy riste26/02/2020No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Предводникот на Наполи, Џенаро Гатузо не беше задоволен од нерешените 1:1 со Барселона во првото 1/8 финале меѓу двата тима од Лигата на шампионите.

    Тренерот е задоволен од своите играчи, но жали што неговиот тим дозволи да прими гол од единствената сериозна позиција што гостите можеа да ја создадат на натпреварот.

    „Можевме да направиме подобар резултат со неколку контранапади, но екипата го направи она што требаше да го направи. Речиси не му дадовме шанса на противникот. Малку сум разочаран што не игравме подобро на средината и не ја држевме топката добро. Но, ова е поради акумулираниот замор. За жал, не можете да си дозволите ниту една грешка против Барселона. Мечот е и понатаму отворен. Ќе имаме време да се подготвиме за реваншот, каде нема да играат Серхио Бускетс и Артуро Видал, кои се казнети. Наша должност е да одиме таму и да се бориме за пласман понатаму. Има многу добри играчи во Наполи. Барселона има повеќе, но ако играме добро, можеме да ги искористиме нашите шанси“, смета Гатузо.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига

    16/11/2026

    Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија

    16/11/2026

    Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе

    16/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.