Реал Мадрид загуби на свој терен од Манчестер Сити со 1:2, а тренерот на домашната екипа Зинедин Зидан не го криеше своето разочарување.
Тренерот е лут што неговиот тим изгуби концентрација на крајот и дозволи пресврт во финишот од мечот. Сепак, тој верува дека Шпанците можат да ги свртат работите во своја корист на реваншот.
„Игравме добро 75 минути, па затоа сум многу разочаран што изгубивме. Сепак, овој судир меѓу Реал и Манчестер Сити трае 180 минути, така што ништо не е готово. Дадовме се од себе, но изгубивме концентрација во последните десет минути. Тешко е да се проголта овој пораз“, рече Зидан.
„Не сум задоволен што игравме добро, но во последните неколку минути сè се смени и направивме грешки што нè чинат пораз. Моравме да бидеме сконцентрирани во текот на сите 90 минути, особено против екипа како Сити. Знаеме дека има уште половина во овој дуел и сега работите се едноставни – мора да одиме во Манчестер и да победиме“, додаде Французинот.