Напаѓачот на Јувентус, Кристијано Роналдо, беше дел од првиот натпревар од 1/8 финалето на Лигата на шампионите со Олимпик Лион, но не успеа да се запише во листата на стрелците отккао победи Лион со 1:0.
Така, со ова беше прекината голгетерската серија на 35-годишниот Португалец. Во 2020 година, тој постигна гол на сите натпревари, освен на средбата со Олимпик Лион.
Во италијанската Серија А, Роналдо има постигнато гол на сите натпревари од декември минатата година, односно на седум првенствени натпревари годинава го погоди голот на противниците 11 пати. Во Купот на Италија, напаѓачот во овој период одигра два натпревари и постигна гол на секој од нив. Стрелец на единствениот гол на оваа средба за Олимпик Лион беше играчот од средниот ред на домаќините Лукас Тусар.
Реванш средба на овие две екипи ќе се одигра во Торино на стадионот „Алијац“ на 17 март од 21 часот.