Денешниот реванш натпревар од елиминациската фаза во Лига Европа меѓу Салцбург и Ајнтрахт Франкфурт мораше да биде одложен поради најава за големо невреме. Властите во Австрија соочени со најавата за циклон решија да го одложат мечот кој беше закажан за 21 часот.
„Поради предупредување за циклон кој ќе биде проследен со силен ветар од дури 120 км/ч, Салцбург реши да го откаже мечот со Франкфурт кој требаше да се одигра вечерва“ – порачаа од австрискиот тим.
УЕФА допрва треба да објави нов датум кога ќе се одигра одложениот натпревар.

