Англискиот голман од екипата на Ливерпул, Алисон Бекер, ја освои наградата „Самба Голд“ која традиционално се доделува на најдобриот бразилски фудбалер кој настапува во Европа.
Алисон беше свесен за наградата уште на почетокот на годината, но интернет порталот „Самба фут“, конечно, успеа да најде време и официјално да му ја врачи. 27-годишниот голман ја доби награда во тренинг базата на клубот од Мерсисајд.
Фудбалерот на Ливерпул освои 35,54% од гласовите и стана првиот голман што ја добил оваа награда. Второто место во гласањето го зазеде неговиот клупски колега од Ливерпул, Роберто Фирмино (23,48%). Трет беше капитенот на ПСЖ, Тиаго Силва (10,46%).

