Иако првично беше најавено дека ќе се игра утре без публика, големото дерби во италијанската Серија А меѓу Јувентус и Интер е презакажано за 13 мај. Во неможност да организираат настан со полни трибини, а во соработка со Серија А, клубовите се согласиле дуелот да се игра на крајот на сезоната.
Новиот термин 13 мај значи дека првично планираното финале на Купот на Италија сега ќе мора да се премести. Тоа значи дека финалниот дуел од Купот ќе се одигра на 20 мај.

