Генералниот директор на Интер, Бепе Марота ја нападна Серија А за начинот на кој се справува со коронавирусот и одложувањето на натпреварите.
Тој вели дека првенството е изобличено и „нероаѕурите“ се оштетени.
„Целава ситуација се менаџира многу лошо. Требаше да се реагира многу побрзо за да се избегне алузија. Серија А во четвротокот одлучи дека ќе играме зад затворени врати, во петокот, Министерот за спорт советуваше против таква одлука. По ваквиот развој на настаните, грешка направи претседателот на Серија А, Паоло Дал Пино, кој донесе одлука да се одложат натпреварите без да се консултира со никого“, вели Марота.
Тој смета дека бил потребен итен состанок за сите да дискутираат што треба да се прави.