Тренерот на Баерн, Ханс-Дитер Флик ги нападна навивачите на клубот за нивното однесување за време на натпреварот со Хофенхајм.
“Ова беше чист идиотизам. Сè што се случуваше нема никаква врска со фудбалот. Овие луѓе треба да останат дома, нивното место не е на стадионот. Јас сум тажен што гледам такви работи за време на натпревар”, вели Флик.
Тој беше непоколеблив дека сите треба да се спротивставуваат на ваквите идиоти.
„Се извинувам за инцидентот во овој натпревар. Но, тоа е голем знак. Ние мора да се обединиме затоа што тоа не може да продолжи. Мораме да се справиме со ваквите идиоти“, порача Ханс-Дитер Флик.
Навивачите на Баерн извадија навредливи транспаренти кон сопственикот на Хофенхајм, Дитмар Хоп, па главниот судија Кристијан Динџерт го прекинуваше мечот двапати.

