Фудбалерите на Вотфорд во текот на викендот успеаа да го фрлат на колена големиот Ливерпул и да го запрат да постави рекорди во Премиер лигата.
„Црвените“ сега остана изедначени со Манчестер Сити со 18 победи во серија и воедно без шанса да го израмнат историскиот рекорд на Арсенал кој ја освои титулата без пораз. Тренерот на Вотфорд, Најџел Пирсон, откри дека по мечот останал воодушевен од реакцијата на противничкиот тренер, Јирген Клоп.
„Тој беше многу, многу учтив и срдечен. Секоја чест за неговата реакција. Да бидеме искрени, тие се неверојатен тим и направија страшна работа. Импресионирам сум“ – изјави менаџерот на Вотфорд.

