Утре во Амстердам ќе биде одржано извлекувањето на групите за второто издание на Лигата на нациите за 2020/21 година.
Репрезентацијата на Македонија успеа да си обезбеди пласман и настап во лигата Ц, каде што конкуренцијата ќе биде за нијанса посилна од онаа во првото издание на Лигата на нации.
УЕФА направи неколку промени и модификации, па така во најсилната лига А, оваа година ќе учествуваат 16 тимови, исто како и во лигите Б и Ц, додека во лигата Д останаа само седум тимови.
Формат и шешири за извлекувањето:
Лига А:
Прв шешир: Португалија, Холандија, Англија, Швајцарија
Втор шешир: Белгија, Франција, Шпанија, Италија
Трет шешир: Босна и Херцеговина, Украина, Данска, Шведска
Четврти шешир: Хрватска,Полска, Германија, Исланд
Лига Б:
Прв шешир: русија, Австрија, Велс, Чешка
Втор шешир: Шкотска, Норвешка,Србија, Финска
Трет шешир: Словачка,Турција, Република Ирска, Северна Ирска
Четврти шешир: Бугарија,израел, Унгарија, Романија
Лига Ц:
Прв шешир: Грција, Албанија, Црна Гора, Грузија
Втор шешир: Македонија, Косово, Белорусија, Кипар
Трет шешир: Естонија, Словенија, Литванија, Луксембург
Четврти шешир: Ерменија, Азербејџан, Казахстан, Молдавија
Лига Д:
Прв шешир: Гибралтар, Фарски Острови, Летонија, Лихтенштајн
Втор шешир: Андора, Малта, Сан Марино

Македонија според ранкингот се најде во вториот шешир од Ц конкуренцијата, па така нема да може да игра против Косово, Белорусија и Кипар кои се во истиот шешир.
Натпреварите од групната фаза во второто издание на Лигата на нации ќе започнат во септември годинава, а ќе се играат и во октомври и ноември 2020, додека плејофот е закажан за март 2021 година.

