Менаџерот на Арсенал, Микел Артета, по натпреварот со Портсмаут зборуваше за повредата на уругвајскиот играч од средниот ред, Лукас Тореира, кој заработи повреда на 1/8 финалниот натпревар во ФА Купот со Портсмаут.
„Единствено што знам досега е дека тој имаше голема болка. Неговата нога ќе биде прегледана во наредните денови, а потоа ќе знаеме детали. Во моментов не можам да кажам конкретно за каква повреда се работи, дали се работи за коска или лигаменти“, изјави Артета за официјалната веб-страница на Арсенал.
Фудбалерот доби повреда уште во првото полувреме од натпреварот по еден дуел со дефанзивецот на Портсмут, Џејмс Болтон. Во тој момент, судијата на средбата Мајк Дин не ја забележа повредата која ја доби играчот на Арсенал. Подоцна, Тореира беше однесен од теренот на носилки, а беше заменет од Шпанецот Дани Себалос.

