Барселона веќе започна преговори за привлекување напаѓачот на Интер, Лаутаро Мартинез. Аргентинецот е главна трансферна цел на Каталонците за замена на Луис Суарез, кој неодамна наполни 33 години.
Според информациите кои беа објавени денес, од „Камп Ноу“ веќе ја доставил својата прва понуда за права на 22-годишниот напаѓач. Во истата од Барселона нудат 70 милиони евра плус двајца играчи – Артуро Видал и Нелсон Семедо.
Видал е одамна на мета на Интер и неговата пазарна цена во моментов е околу 20 милиони евра. Семедо се проценува на 40 милиони евра. Ова значи дека вкупниот износ на трансферот би бил 130 милиони евра.
Договорот за Лаутаро Мартинез има откупна клаузула вредна 111 милиони евра, која важи до почетокот на јули. Во оваа фаза, сепак, Барса нема намера да ја активира, но сакаат да го убедат Интер да размени играчи плус дополнителен износ кој ќе им биде платен.
Каталонците веќе дадоа конкретна понуда на играчот. Барселона планира да му понуди 5-годишен договор вреден 7 милиони евра по сезона плус дополнителни бонуси. Тоа е трипати повеќе од парите што Аргентинецот ги добива во моментот на „Џузепе Меаца“.