Вечер во Амстердам ќе биде одржано извлекувањето на групите за второто издание на Лигата на нациите за 2020/21 година.
Репрезентацијата на Македонија според постигнатите резултати обезбеди пласман и настап во лигата Ц, каде што конкуренцијата ќе биде посилна за разлика од минатата година. Сепак за разлика од првото издание на Лигата на нации, УЕФА се реши да направи неколку промени, па така во најсилната лига А, оваа година ќе учествуваат 16 тимови, исто како и во лигите Б и Ц, додека во лигата Д останаа само седум тимови.
Учесници во Лига Ц каде што ќе игра и Македонија:
Прв шешир: Грција, Албанија, Црна Гора, Грузија
Втор шешир: Македонија, Косово, Белорусија, Кипар
Трет шешир: Естонија, Словенија, Литванија, Луксембург
Четврти шешир: Ерменија, Азербејџан, Казахстан, Молдавија

Формат и шешири за извлекувањето од останатите лиги:
Лига А:
Прв шешир: Португалија, Холандија, Англија, Швајцарија
Втор шешир: Белгија, Франција, Шпанија, Италија
Трет шешир: Босна и Херцеговина, Украина, Данска, Шведска
Четврти шешир: Хрватска,Полска, Германија, Исланд
Лига Б:
Прв шешир: русија, Австрија, Велс, Чешка
Втор шешир: Шкотска, Норвешка,Србија, Финска
Трет шешир: Словачка,Турција, Република Ирска, Северна Ирска
Четврти шешир: Бугарија,израел, Унгарија, Романија
Лига Д:
Прв шешир: Гибралтар, Фарски Острови, Летонија, Лихтенштајн
Втор шешир: Андора, Малта, Сан Марино
Македонија според ранкингот се најде во вториот шешир од Ц конкуренцијата, па така нема да може да игра против Косово, Белорусија и Кипар кои се во истиот шешир.
Натпреварите од групната фаза во второто издание на Лигата на нации ќе започнат во септември годинава, а ќе се играат и во октомври и ноември 2020, додека плејофот е закажан за март 2021 година.
Извлекувањето на групите ќе биде изврешено вечерва од 18 часот во Амстердам, а ќе можете да го следите во живо низ нашата програма.

