Француски Олимпик Марсеј е заинтересиран да го врати напаѓачот Мичу Батшуај од Челзи во своите редови. Во моментов, Белгиецот има статус на резерва на „ Стемфорд Бриџ“, а лондончани се подготвени да го стават на трансфер листа за добра понуда.
Покрај тоа, договорот на играчот истекува за 18 месеци, па најдобрата опција за лондонскиот тм е да го продаде во текот на летото, додека се уште има добри шанси да добие некој милион за него.
Марсеј е подготвен да ја искористи ситуацијата и во јуни да се обиде да постигне договор со Батшуај за трансфер на „Велодром“.