Напаѓачот на фудбалскиот состав Ливерпул, Садио Мане, верува дека мини кризата со три порази во последните 4 средби набрзо ќе биде надмината и дека „црвените“ ќе се вратат на победничките патеки.
„Јас мислам дека е тоа нормална работа. Постојат моменти кога играте како шампиони и моменти кога покажувате слаби партии. Тоа и нам ни се случува“ – вели Мане.
„Ние имаме нов значаен натпревар в сабота против Бурнмаут а потоа в среда против Атлетико Мадрид. Се надева дека ќе бидеме подготвени и дека ќе се вратиме на победничките патеки. Треба да продолжиме да работиме напорно“ – потенцира интернационалецот од Сенегал.

