Жозе Мурињо повторно остана разочаран по елиминацијата на Тотенхем во осминафиналето на ФА Купот. Синоќа лондончани на пенали беа елиминирани од екипата на Норич.
„Мислам дека не заслуживме таков резултат, но ова е фудбал. Како што се очекуваше, тоа беше тежок натпревар. Сите мои играчи направија неверојатни напори. Јас нема да го кажам она што сите веќе го знаат. Честитки до Норич за нивната победа, ова е единствената работа што можам да ја кажам“, истакна Португалецот.

