Поранешниот бразилски репрезентативец Роналдињо е уапсен во Парагвај заедно со неговиот брат Роберто, кој беше негов фудбалски агент за време на активната кариера. Според информацијата која ја пренесоа бројни светски медиуми, двајцата се приведени од парагвајската полиција, поради употреба на лажни пасоши.
Роналдињо и неговиот брат се обиделе да се идентификувале како Парагвајци. На 39-годишниот поранешен легендарен играч не му е дозволено да го напушти Бразил и неговиот регуларен пасош беше одземен во јули годинава заради неплатена казна за животна средина.

