Сите натпревари во Италија ќе се играат без присуство на навивачи се до 3 април. Ова го одлучи владата на Италија заради постојаното ширење на коронавирусот.
Забраната ги погодува сите региони и целиот спорт. Покрај тоа, училиштата и универзитетите ќе бидат затворени до 15 март. Задолжителните одмори може да бидат продолжени, во зависност од мерките за борба против смртоносната болест.
Во Серија А веќе се одложени повеќе од 10 натпревари, како и двата полуфинални дуели од Купот на Италија меѓу Наполи – Интер (1-0 во првиот меч) и Јувентус – Милан (1:1).
Новите датуми за дуелите се очекува да бидат објавени наскоро.

