Долгоочекуваното дерби меѓу Јуветус и Интер ќе се одигра викендов. Како што соопштија првите луѓе на Серија А. одлучено е сите одложени средби од минатото коло да се одиграат овој викенд.
Јуве и Интер ќе играат в недела во вечерен термин од 20:45 часот, но без присуство на публика.
Викендов ќе се одиграат уште пет натпревари, сите тие што беа одложени а тоа се Сампдорија – Верона (сабота), Милан – Џенова (недела), Парма – Спал (недела), Сасуоло – Бреша (недела), Удинезе – Фиорентина (недела).
Одлучено е колото од наредниот викенд да се одложи за 14 и 15 март. Инаку сите мартовски натпревари во Серија А ќе се играат пред празни трибини.

