Сопствениците на англискиот шампион Манчестер Сити ќе си купат уште еден фудбалски клуб. Француските весници јавија дека Инвестицискиот фонд од ОАЕ кој е сопственик на англискиот шампион, размислува да влезе во сопственичката структура на францускиот вторологаш Нанси.
Победникот на Купот на Франција од 1978 година е на 14. место во Лига 2, а преставници на компанијата од ОАЕ веќе имале први разговори со управата на Нанси. Се очекува во кус период да биде завршена трансформацијата на сопственичкиот капитал, по што оваа компанија која стои зад три фудбалски проекти (Манчестер Сити, Њујорк Сити и Мелбурн Сити) треба да добие и четврти фудбалски клуб, овој пат од Франција.

