Главниот голгетер во редовите на Тотенхем и на репрезентација на Англија, Хари Кејн, очекува да биде подготвен за Европското првенство во текот на летото, објавија денеска медиумите на Островот. Фудбалерот откако заработи потешка повреда на стартот на годинава на мечот со Саутемптон, мораше да пропушти голем број на натпревари во сите конкуренции.
„Ако нема драстични промени, верувам дека ќе бидам подготвен за настап на Европското првенство. Сè уште не сум се вратил на тренинзи, но, напорно работам во теретана. Не знам кога точно ќе се вратам на теренот, верувам дека тоа ќе се случи до средината на април“ – изјави напаѓачот.
Кејн досега одигра 45 средби за „Гордиот Албион“ и постигна 32 гола.