ФФМ денеска ги одреди судиите за 22 коло во прволигашата конкуренција. Марјан Гоцевски ќе биде главен на мечот меѓу Ренова и Вардар додека Марјан Младеновски ќе суди на средбата во Велес на мечот меѓу Борец и Шкендија.
Мечот Работнички – Академија Пандев му е доделен на Јован Качевски додека средбата во Кратово меѓу Силекс и Македонија ЃП ќе ја води Александар Ставрев. На дуелот меѓу Струга Трим Лум и Шкупи, главен судија ќе биде Јосип Бартон.
Еве ја табелата в пресрет на новото прволигашко коло. Вардар 43 бода, Шкендија 35, Силекс 32, Македонија ЃП 29, А. Пандев 28, Шкупи 25, Струга ТЛ 25, Ренова 25, Работнички 22, Борец 21.

