Дефанзивецот на Интер Милан Шкриниар може да го напушти тимот и да ја продолжи кариерата во англиската Премиер лига.
Според „Калчомеркато“, интерес за 25-годишниот фудбалер има кај Манчестер Сити. „Граѓаните“ го гледаат Милан Шкриниар како главен играч во одбраната во следните неколку години и имаат намера да направат уште еден обид да го донесат во текот на летниот преоден рок. Од Интер секако дека не сакаат да се разделат со Шкриниар.
Според информацијата која беше објавена, управата на клубот нема да разгледа ниту еден предлог чија сума ќе биде помала од 85 милиони евра, но главната цел е да го задржат во тимот. Претходно беше објавено дека Реал Мадрид, Барселона, Манчестер Јунајтед и ПСЖ се заинтересирани за услугите на Шкриниар.

