35-годишниот напаѓач на Јувентус, Кристијано Роналдо изјави дека се надева дека ќе одигра уште 1000 натпревари во својата кариера, откако стигна до бројката од 1000 токму со вчерашната победа од 2:0 над Интер во големото дерби во Серија А.
Португалецот има 725 голови и 253 асистенции, од кои 99 гола се за репрезентацијата. Во својата богата кариера, Роналдо играше за Спортинг (Лисабон) , Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид.
„Ова е добра бројка. 1000 натпревари значи посветеност, напорна работа и талент кој се исплати. Благодарност до сите мои соиграчи, тренери, моето семејство, моите пријатели и сите мои фанови кои тие ми помогнаа за тоа достигнување. Јас сум многу среќен. Добро е, но се надевам дека ќе одиграм уште 1000 натпревари“, вели Роналдо.