Реванш натпреварот од осминафиналето во Лигата на шампионите меѓу ПСЖ и Борусија (Д) ќе се одигра зад затворени врати. Дуелот е закажан за в среда 11 март од 21 часот.
Полициската префектура во Париз објави соопштение во кое се вели:
„Во примена на мерките што ги објави Советот за одбрана во неделата навечер, полицијата одлучи дека натпреварот ПСЖ – Борусија (Д) ќе се одвива зад затворени врати“.
Со тоа се остварија најавите дека овој меч од Лигата на шампионите ќе мора да се одигра без присуство на гледачи.