Фабио Капело кој со неколку колеги го следеше дербито на Серија „А“ меѓу Јуве и Интер, вели дека најдобар на теренот бил домашниот фудбалер, Де Лихт.
„За мене, најдобар беше Де Лихт. Во почетокот на сезоната играше тешко и се адаптираше на новата средина. Сега полека се издигна од меч во меч. Јувентус конечно го доби дефанзивецот кој го посакуваше“ – вели искусниот стратег.
За разлика од Капело, другите експерти го издвоија домашниот напаѓач Паоло Дибала како централна фигура на теренот.