Легендарниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Дарен Флечер, вели дека Бруно Фернандеш, може да се спореди карактерно со легендарниот Швеѓанец, Златан Ибрахимовиќ, кој остави посебен белег на „Олд Трафорд“.
Португалецот за краток период успеа да стане миленик на навивачите на „црвените ѓаволи“ и воедно да се претвори во значајна алка на теренот. Треба да се потенцира и фактот дека Јунајтед нема пораз на осум натпревари на кој Фернадеш беше меѓу стартерите.
„Мурињо во Јунајтед беше успешен, но, немаше доволен број играчи кои можеа да се носат со неговиот карактер. Ибрахимовиќ беше единствениот кој тоа го можеше а кога замина немаше никој друг. Денес, таков став и карактер покажува Бруно Фернандеш и тоа ме радува“ – изјави Флечер.

