Играчот од средниот ред на Лацио, Сергеј Милинковиќ-Савиќ може да го напушти тимот од Рим во летниот преорден рок и да ја продолжи кариерата во Франција.
Според „Газета дело Спорт“, ПСЖ е заинтересиран за услугите на 25-годишниот фудбалер. Клубот од Париз си постави цел, а тоа е да го донесе во своите редови српскиот играч од средниот ред во следниот трансфер период. Финансиските барања на Лацио и понатаму се околу 100 милиони евра.
Милинковиќ-Савиќ ги брани боите на Лацио од 2015 година, а претходно играше за Генк и Војводина. Тој е дел од репрезентацијата на Србија уште од 2017 година. Оваа сезона, играчот од средниот ред учествуваше на 25 натпревари на италијанската Серија А, во кои постигна 4 гола и 4 асистенции, а исто така доби и 6 жолти картони. Лацио по 26 кола го зазема второто место на табелата, со бод помалку од лидерот Јувентус.

