Македонскиот интернационалец и еден од најдобрите наши репрезентативци и фудбалер кој игра во одлична форма во овој период, Енис Барди, поради повреда го пропушти последниот тренинг на својата екипа Леванте.
Неговиот клуб веднаш излезе со информации за ова и соопшти дека македонскиот фудбалер има повреда на скочниот зглоб и во следните денови ќе се знае колкав период ќе биде надвор од терените.
Ова секако не е добра вест за нашата репрезентација која ја очекува плеј-оф мечот против Косово на 26-ти март. Барди е една од важните алки во составот на селекторот Игор Ангеловски во македонката репрезентација и затоа со големо внимание ќе ја чекаме информацијата за сериозноста на повредата на Барди. Оваа сезона Енис Барди одигра 21 натпревар за Леванте во „Ла Лига“, при што постигна два гола.
