Тенискиот Мастерсот во Мајами е предвидено да трае од 23 март до 5 април и тука нема да има никакво пролонгирање, соопштија организаторите.
„Безбедноста останува главен приоритет и многу внимателно ја следиме состојбата со КОВИД-19, работејќи со локалните, државните и сојузните власти. Покрај тоа, ние работиме со АТП и ВТА кои ни посочија како е најдобро да ги обезбедиме навивачите, играчите и персоналот“ – се вели во изјавата на организаторите.
Како што е познато, турнирите во Индијан Велс беа одложени откако беше регистриран случај на корона-вирусот во долината во која се наоѓа големиот тениски комплекс. Во САД, бројот на потврдени случаи со корона е 755 а досега имаше 26 со смртни последици.

