Тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, вели дека нема логика мечевите во Лигата на фудбалските шампиони и Лигата на Европа да се играат без публика. Тој посочува дека е подобро средбите да се одложат отколку да се играат пред празни трибини.
„Сите сме свесни со каква закана се соочуваме, во Италија лигата е суспендирана, во Шанија ќе се игра фудбал пред празни трибини и мислам дека тоа ќе дојде и тука. Е, сега друго прашање е дали има смисла воопшто да се игра фудбал без гледачи? “ – вели Гвардиола.
„ Ако тие луѓе не може да дојдат на стадион, тогаш нашата работа нема ефект. Ние ги следиме сите инструкции, здравјето е најбитно. Јас подобро да не играм ЛШ, Премиерлига или Куп, ако нема луѓе“ – вели шпанскиот стратег.