Тренерот на фудбалерите на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, не сакал ниту да помисли на играње пред празни трибини на денешниот реванш против Ливерпул во 1/8 финалето во Лигата на шампионите. Неговиот тим во реваншот со „црвените“ ќе влезе со предност од 1-0 обезбедена на првиот меч во Шпанија.
„ Досега не сум бил тука ниту како играч ниту како тренер. Не сум имал можност да играм на овој прекрасен стадион, против клубот со таква богата традиција и историја. „Енфилд“ е нешто посебно“ – вели Аргентинецот.
„ Да играме пред празни трибини? Да бидам искрен, слушнав за тој предлог, но, моја желба е стадионот да биде полн. Не би било фер кон Ливерпул тие да бидат без помошта на навивачите“ – изјави Симеоне на официјалната прес-конференција.
