Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»ФФМ испрати допис до УЕФА
    Фудбал

    ФФМ испрати допис до УЕФА

    dinoBy dino11/03/2020No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Фудбалската федерација на Македонија официјално со допис до УЕФА побара одложување на натпреварот меѓу Македонија и Косово од полуфиналниот бараж натпревар за пласман на Европското првенство, закажан за 26. Март 2020. на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.

    Во дописот до Европската куќа на фудбалот, покрај проблемот со гледачите (забрана од македонската Влада за присуство на публика), ФФМ го потенцира проблемот со пристигнувањето на фудбалерите од репрезентацијата во нашата држава, односно евентуалната изолација / карантин за одредени фудбалери кои би пристигнале од земјите со висок степен на присуство на вирусот COVID-19.Токму поради овие вонредни причини, Фудбалската федерација на Македонија е во постојана и интензивна комуникација и со Министерството за здравство и Институтот за јавно здравје и во целост се придржуваме кон нивните препораки, донесените мерки или забрани.

    Исто така, по консултации со претставници на Фудбалските федерации на Грузија и Белорусија, една од двете држави кои беа одредени за домаќини на финалниот натпревар од Лига на нации на 31. март за пласман на ЕУРО 2020, неофицијалните информации велат дека е можно, репрезентацијата која би обезбедила пласман во финалето, да се соочи со одредени мерки на претпазливост за здравствена заштита при влез во една од државите. И во однос на ова, ФФМ, исто така е во постојан контакт со споменатите федерации и УЕФА.Согласно последните препораки и забрани од Владата на Македонија за превенција од вирусот COVID-19 , Комисијата за младински фудбал донесе одлука сите натпревари во младинските конкуренции и натпреварите од Детските лиги на ФФМ да се суспендираат во наредните две седмици.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига

    16/11/2026

    Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија

    16/11/2026

    Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе

    16/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.