Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, имаше страшна ноќ. Неговиот тим беше елиминиран во 1/8-финалето од Лигата на шампионите против Атлетико Мадрид, откако загуби во продолжението со 3:2.
„Ги барам вистинските зборови. Нашата најголема грешка е што постигнавме втор гол во дополнителното време, а не во регуларните 90. Одигравме одлично во 90 минути, но нема објаснување за она што не успеавме да го погодиме. Не разбирам зошто Атлетико игра таков фудбал и покрај квалитетот кој го поседува. Тие исто така можат да покажат вистински фудбал, не само да застанат во одбрана по четворица во два реда и да чекаат на контри. Се разбира, ние го прифаќаме резултатот, но не е фер“, изјавил Клоп.

