По информацијата дека еден кошаркар на Реал Мадрид има коронавирус, а веројатно и фудбалерите на кралскиот клуб ќе мораат во карантин, Шпанската Ла Лига денеска и официјално објави дека ги одложува следните две кола во првенствата.
Барање за прекин на првенствата имаше и од бројни прволигашки и второлигашки екипи од Пиринеите, па Ла Лига донесе одлука за времен прекин на првенството во период од две планирани кола. Тоа значи дека во наредните 10 дена (практично до 22 март) во Шпанија нема да се игра фудбал.

