УЕФА и официјално ги одложи двата натпревари од нокаут-фазата од Лигата на шампионите поради коронавирусот кој масовно се шири низ Европа.
Во рамки на осминафиналето и дефинитивно нема да се играат дуелите Манчестер Сити – Реал Мадрид и Јувентус – Лион. Во Реал Мадрид и Јувентус беше потврдено дека има играчи кои биле во контакт или се заразени од коронавирусот, па сите останати играчи се во карантин.
Од УЕФА најавија дека наскоро ќе одлучат кога ќе се играат овие средби, а на двата тима им посакаа закрепнување на заболените што е можно поскоро.
Што ќе се случува со останатите натпрвари од Лигата на шампионите и Лигата на Европа кои не се одиграа ќе се знае во наредните денови кога УЕФА треба да донесе одлука , како за националните шампионати, така и за натпреварите од меѓународните натпревари и секако ЕУРО 2020 кое најверојатно ќе биде одложено за наредната година.