Тренерот на фудбалерите на Арсенал, Микел Артета, потврди дека е позитивен на корона –вирусот.
Откако е откриено дека Шпанецот е болен, целиот тим на „топчиите“ е ставен во карантин и самоизолација. Артета само ја зголемува бројката на фудбалски личности кои се позитивни на вирусот кој ја натера светската здравствена организација да прогласи пандемија.
„Лошо се чувствував и затоа го направив тестот. Ќе се вратам на работа кога ќе ми дозволат“ – објави тренерот на лондонскиот состав.
.
