Откако светската здравствена организација прогласи пандемијата поради корона –вирусот, првите луѓе на ФИФА објавија дека ги одложуваат квалификациите за Коменбол купот во 2022 година.
Тоа се однесува за мартовските квалификации кои требаше да се одиграат од 23-31. ФИФА исто така ги стави во мирување и претстојните квалификации на Јужна Америка за Светското првенство – Катар 2022.
Европската фудбалска унија (УЕФА) за вторник ја закажа видео-конференцијата со сите 55 членки, со европската клупска асоцијација (ЕКА), евопските лиги (ЕПФЛ) и здружението на фудбалери (ФИФПро) за да решат како ќе продолжат со активностите.
