Откако фудбалерот на Јувентус, Даниеле Ругани, беше позитивен на тестот за ковид-19, речиси комплетниот тим на „старата дама“ со придружниот персонал е ставен во карантин. Екипата од Италија објави дека 121 лице е во самоизолација во клупскиот хотел кој се наоѓа веднаш до стадионот во Торино.
Во таа бројка влегува и првиот човек на Јуве, Андреа Ањели, кој имаше специјално обраќање до јавноста. Засега во изолација се ставени и луѓето од Интер, Верона и Сампдорија откако беше потврдено дека и Маноло Габиадини е позитивен на коронавирус.
Медиумите на „Чизмата“ објавија дека речиси сите екипи ги прекинаа тренинзите освен Наполи кој во текот на наредната недела го очекува реваншот со Барселона во Лигата на шампионите.