Фудбалската федерација на Германија одлучи да го одложи продолжението на шампионатот во Бундес-лигата.
26. коло требаше да се реализира во текот на викендот без присуство на публика, но, откако многу видни личности од германскиот фудбал излекоа со критики за таквата одлука, челниците на лигата се премислија.
Според најавите суспензијата треба да биде до 2. април и ќе се однесува на сите фудбалски активности од најслабата до најсилната конкуренција.

