Фудбалерот на Интер, Кристијан Ериксен поради пандемија на корона-вирусот бил исфрлен од хотелот во Милано во кој престојувал.
Данскиот репрезентативец кој во јануари го напушти англискиот Тотенхем и потпиша за италијанскиот клуб, неочекувано се најде во ситуација да мора да го напушти хотелот кој беше затвори поради вирусот.
„Нероаѕурите“ морале брзо да реагираат и да му обезбедат друг стан во Милано во кој ќе мора да остане 14 дена. Тој ќе работи според програмата што ќе му ја достават тренерите на екипата.

