Фудбалската конфедерација на Бразил донесе одлука да ги суспендира сите фудбалски натпреварувања во државата.
„Остануваме во постојан контакт со Министерството за здравство и ќе вложиме голем труд земјата и спортот да го надминат предизвикот на пандемијата во надеж дека што побргу ќе се вратиме во нормала“ – стои во соопштението од бразилската фудбалска конфередеција.
Последните натпревари кои беа одиграни во Бразил беа без прусуство на публика.

